Денеска (четврток, 6 септември, 2012) во Созопол, Бугарија, на најголемиот бугарски фестивал за уметност и култура „Аполонија“ целовечерно претставување ќе има нашиот поет Никола Маџиров.
Поезијата на маџиров ќе се чита на македонски и бугарски јазик, а за неговите стихови ќе зборува една од најзначајните современи бугарски поетеси Силвија Чолева.
Книгата на Маџиров „Преместен камен“ во превод на бугарски јазик излезе минатата година во издание на „Стигмати“, а во превод на бугарскиот истакнат поет и преведувач Роман Кисјов. Збирката наиде на позитивни критики во книжевните списанија и весници во Бугарија.
Никола Маџиров во текот на наредниот период ќе гостува во Црна Гора, Германија, Естонија, Турција, Израел, Мексико и други земји.