В сабота, на Школка во Градски парк со почеток во 18:00 часот, ќе биде одбележан 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата.
Преку интеракција, едукација и музика, присутните ќе можат да си ги проверат и надградат своите знаења за демократијата и нејзините принципи. На настанот ќе биде промовирана и брошурата „Обичен демократски ден на Слободан Љубопитковски“ посветена на демократијата, владеењето на правото и механизмите за остварување на демократските права.
За позабавен Ден на демократијата ќе се погрижат: Bei The Fish, Ивана Низам и Петар Антевски. Меѓународниот ден на демократијата претставува можност да се разгледа статусот на демократијата во светот. Демократијата не е само цел, туку процес, кој зависи од целосното учество и поддршка на индвидуите, граѓанските организации, државите и меѓународната заедница.
Знаењето и познавањето на демократијата и нејзините принципи е витален чекор кон долгогодишен успех на демократијата. Сите граѓани во сите нации треба потполно да ги познаваат своите права и обврски, а особено оние кои живеат во земји кои штотуку напредувале во подемократски општества. „Зошто е важно да гласам?“, „На кој начин можам да влијаам на одлуките кои ги донесуваат моите лидери?“, „Што можам да очекувам од претставниците кои ги избирам?“, „Кои се моите основни права?“ се прашањата на кои треба да им се посвети особено внимание и да постојано да бидат поставувани преку граѓанските институции, слободните медиуми и училиштата. Во едно општество, култура на демократија може единствено да се постигне и негува со демократски образовани граѓани.
Организатор на настанот е Младинскиот образовен форум со поддршка од Амбасадата на САД во Македонија. Слични настани се организираат и во Тетово, Струга, Штип и Радовиш.