Се одржа третата Ролеријада

Детскиот културен центар-Карпош од Скопје и Град Скопје, годинава по трет пат ја организираа „Ролер трка 2014 “, наречена „Возиме кон иднината“.

rolerijada_2014_1

 

На ролеријадата во чест на Европската недела на мобилност, учествуваа 530 деца од 21 основно училиште од Скопје и околината, а првите три места ги освоија: Антонио Гилев од ОУ „Ј.Џ. Песталоци“, Стефан Стојанов од ОУ „Круме Кепески“ и Амар Мамути од ОУ „25 Мај“.

Организаторите од ДКЦ „Карпош“ истакнаа дека, со мислата во здраво тело-здрав дух, сакаат да ги анимираат најмладите кои ќе ги засакаат ролерите и ќе го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот Скопје ќе се збогати со уште една масовна манифестација, којашто има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна. Во манифестацијата „Возиме кон иднината“, минатата година учествуваа околу 400 учесници, што укажува на зголемување на бројката на учесници од година во година.

Стартната позиција беше на бул.„Илинденска“, од пред фонтаната „Лотосов цвет“ кај Градскиот парк, а учесниците во ролеријадата се движеа до клучката на Булеварот „Илинденска“ со ул.„Никола Тесла“ (кај дирекцијата на ЈП Паркови и зеленило). Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.

rolerijada_2014_2

You May Also Like