Утре (петок, 14 септември, 2012 година) во 19:00 часот во Чифте амам ќе се отвори изложба на Букурије Осеку Даладаку со наслов „Faces“.
Човековата експресија на лицето и самите луѓе се предмет на уметничкото изразување на Букурије Осеку Даладаку во последните неколку години.
Основна тема на нејзината работа се експресивни портрети, кои укажуваат на човекот како монументална, стабилна и сигурна личност. Фигурата е центар на светот, а можеби и центарот на универзумот.
Во исто време, ние гледаме човек затворен во конфузијата на патеките во неговиот живот, во зависност од неговата околина, како и надворешните фактори кои го прават дел од својата околина.Иако човекот е портретиран како храбар и бестрашен, тој се уште се крие зад завесата или маската кои тој ги создаде за себе или кои можеби му биле наметнати.
Од една страна, тој ги презентира најдлабоките чувства отворено, но од друга страна тој не е во состојба да се ослободи од ропството на неговата околина.
За уметницата важно е да се претстави сето ова на експресивен начин, а начинот на кој експериментира со бојата, текстурата и формата се сметаат за карактеристики на нејзината работа.
Букурије Осеку Даладаку е албанскa сликарka, родена во Скопје.
Од 1990 година живее и работи во Лар, Германија.
Изложбата ќе ја отворат Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија и професор Меџаит Положани.