Само еден ден по премиерата на престижниот Кански филмски фестивал, премиерата на „Големиот Гетсби“ и во Скопје, денеска (16 мај,четврток) во 20.00 часот, кино Милениум.
„Големиот Гетсби“ е адаптација на едно од најпопуларните литературни дела во историјата, истоимениот роман на Скот Ф. Фицџералд. Филмската адаптација, овојпат режирана од Baz Luhrmann, со супер-популарна актерска екипа Leonardo DiCaprio, Joel Edgerton, Carey Mulligan, Isla Fisher, Tobey Maguire, ветува повеќе од достојно олицетворение на приказната, низ призмата на дигиталниот кино проектор.
Накусо…, Лонг Ајленд, Њу Јорк, 1922 година…, приказната го следи провинцијалецот Ник Каравеј кој е воодушевен од раскошниот живот на својот сосед, Џеј Гетсби. Наскоро тој ќе биде вовлечен во овој навидум прекрасен и раскошен, но во суштина суров и разуздан свет, во кој владеат опсесија, лудило и трагедии.
Репертоарот на киното Милениум тука: