Награда „Златна пеперутка“ за кореографот Валентино Апостоловски

Валентино Апостоловски од Tанцоваta Академија Скопје со “Седумнаесет степени” е добитник на “Златна пеперутка” за најдобар кореограф на меѓународниот натпревар за најдобар кореограф “Танцлаб”, кој се одржа вчера и завчера во Младинскиот културен центар во рамките на фестивалот Танц Фест.

tanc_fest_2014_platat_vertikalen

Одлуката ја донесе едногласно Жири-комисијата предводена од Самјуел Вуерстен, директор на Ротердам Танцова Академија. “Сребрената пеперутка” за истакнат танчер на натпреварот ја добија две уметници, Зои Винстоу за “Доживејте ја Зои” во кореографија на Паулина Елвира и Барбора Рокозова, која играше во “ГПС” на Едуард Адам Орсзилик.

На сцената “Зебра”, денес во 20:00 часот ќе настапат Битрикс Кру. Станува збор за хип-хоп група, која зад себе има богато искуство на натпреварувачки подиуми и разни сценски изведби и учество на бројни семинари на светски познати кореографи. Групата реализира успешни соработки со познати македонски и странски изведувачи, како и бројни настапи на престижни македонски и странски фестивали. Креатори на Битрикс се повеќекратни прваци на домашни, регионални и меѓународни натпревари во различни категории.

You May Also Like