Еколошка акција „Садница плус“

Општина Центар активно учествува во проектот „Садница плус“, во  организација на „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“.

Во акцијата учествуваат сите седум основни училишта и три матични градинки со своите клонови, кои што на 13 и 14 мај засадија желади , со верба дека ќе израснат во  дабови дрвја.

Целта на проектот е засадување и одгледување на садници, при што децата го водат целиот процес од засадување на семки во чашки до подигнување на садниците и нивно одгледување. Тие на посебни ливчиња ги запишаа своите имиња, а воедно и дадоа имиња  на  садниците.

На есен, израснатите садници ќе бидат садени на различни локации на територија на општината.

На овој начин младите генерации еколошки се едуцираат за почитување на македонскиот даб и македонските шуми, а со тоа кај нив се подигнува свеста за чување на природата и чистата животна средина. Низ текот на годините, тие ќе раснат и ќе сведочат за еколошките активности на младите генерации.

Со оваа акција, учениците и децата од градинките се дел од глобалната кампања за заштита на природата и шумите и градат одговорност и еко-култура развивајќи се во здрави личности.

You May Also Like