Прилепскиот театар гостува во Никшиќ

Гостувањето на театарот ,,Војдан Чернодрински,, при НУЦК,,Марко Цепенков,, во Никшиќ доаѓа по успешното меѓународно претставување на Екс Понто во Љубљана, Словенија со ,,Швејк во втората светска војна,,во режија на Мартин Кочовски…

Bure barut_prilepski_teatar

Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Буре барут„ од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска денеска (среда 5 ноември 2014)  ќе настапи на Меѓународниот фестивал на глумци Никшиќ 2014, кој е посветен на играта и на глумците како „основа на драмската уметност и театарот воопшто“.

Во претставата,,Буре барут,, доминира играта на актерите Игор Трпче, Димитар Ѓорѓевски, Даниела Иваноска, Владимир Ѓорѓијоски, Александар Степанулески, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова, Марјан Чакмакоски, Катерина Чакмакоска, Наташа Наумоска, Илија Волчески, Марија С. Илијеска, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски – велат од театарот. Музиката е на групата Мизар, костимограф е Александар Ношпал, сценографијата и видео дизајнот е на Емил Петров.
На фестивалот ќе бидат доделени пет награди – Гран при за машка главна и за женска главна улога, Гран при за машка и за женска споредна улога и Гран при за партнерски однос на сцената.
Гостувањето на театарот ,,Војдан Чернодрински,, при НУЦК,,Марко Цепенков,, во Никшиќ доаѓа по успешното меѓународно претставување на Екс Понто во Љубљана, Словенија со ,,Швејк во втората светска војна,,во режија на Мартин Кочовски, на МОТ со ,,Сон на летната ноќ,, во режија на Нела Витошевиќ,  како и настапите во повеќе македонски градови.

You May Also Like