„Вонземјани во соседството“ во кино Милениум

Утре (петок, 31 септември 2012) во киното Милениум во 20:00 часот премиерно ќе биде прикажана научно – фантастичната комедија „Вонземјани од соседството“ (The Watch) со Џона Хил, Винс Вон и Бен Стилер.

Акива Шафер е режисер на комедијата во која момците од предградието го чуваат соседството од опасност, што всушност е фасада за машко дружење далеку од семејството. Проблемот настанува кога ќе откријат завера од светски размери.

По монструозното убиство на неговиот колега, Еван собира екипа која би требало да го чува соседството од опасност. Меѓутоа нештата не се одвиваат по планот бидејќи екипата сака да се забавува и да пие пиво.

На редовната вечерна патрола Еван, Боб, Френклин и Џамаркус откриваат дека зачестените убиства се дела на вонземјани кои планираат да го уништат светот. Чуварите на соседството се впуштаат во тешка борба со необичните непријатели со цел да го спасат човештвото.

Филмот трае 101 минута.

——————————————————-

Режисер на филмот е Акива Шафер, режисер и писател на популарниот ТВ серијал „Saturday Night Live“, кому ова му е прв долгометражен филм. Писатели на сценариото се Сет Роген и Јуан Голдберг кои имаат соработувано на филмовите „The Green Hornet“, „Ананас Експрес“, и серијата „Али Џи Шоу“, како и Џаред Стерн (Пингвините на господин Попер).

You May Also Like