Одржан концертот на младите музичари основци во Центарот за култура-Охрид

Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид завчера беше домаќин на концертот каде што учествуваа учениците од основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид.

На концертот како дел од предновогодишната програма беа отсвирени музички дела на пијано, гитара, виолина, кларинет и флејта, а програмата беше надополнета со настап на училишниот хор.

Публиката беше воодушевена од настапот на младите и талентирани ученици кои секоја година нижат успеси освојувајќи бројни награди и признанија на регионалните и државните натпревари.

Александар Ивановски

 

You May Also Like