Нобеловката Елфриде Јелинек на македонски

В сабота (01 септември, 2012) Издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ ќе ја објави книгата „Алчност“ на австриската нобеловка Елфриде Јелинек, во превод на Ксенија Чочкова.

 

 

„Алчност“, со поднаслов “роман без табуа, криминална приказна, порно и тривијален роман во едно”, е 67. наслов во популарната едиција “Проаза”, финансиски поддржан од европската програма EACEA 2007-2013. Авторка на сликата на корицата е Јана Јакимовска, а за дизајнот на книгата се погрижи „Бригада.мк“.

Краток синопсис на романот
Селскиот жандарм Курт Јаниш – “добар на изглед маж, овој жандарм, каков што ни се допаѓа нам, на жените” – фрлил поглед на имотот на осамените жени, и е опседнат со алчноста за пари и посед. А како полицаец тој знае каде да ги најде жртвите: на селските улици, каде во својот бележник си ги запишува нивните регистерски таблички и адреси. Првата жртва е жена во средни години, која се преселила од град на село за да живее сама и во складност со природата,  која на ниту еден начин не му е дорасната на жандармот, бидејќи тој кај неа буди сексуална зависност само за да дојде до нејзината куќа. Потоа тука е и една многу млада девојка, која уште не наполнила ни шеснаесет години, но исто така се вљубува во овој маж. Сепак, првата почнува да насетува што е тоа што го интересира жандармот.

————————-
Елфриде Јелинек е родена на 20. октомври 1946 година во Мирцушлаг/ Штаерска. Студирала театрологија, историја на уметност и музика во Виена. Од 1996 живее како писател во Виена и Минхен. Станува славна со романот “Пијанистка”. Списанието “Театар денес” во 1996 година ја избира за “Драматург на годината”. Две години подоцна ја добива литературната награда “Георг Бихнер”. Во 2004, како врвно призанние и круна на нејзината книжевната кариера, Јелинек ја добива Нобеловата награда за литература.

You May Also Like