Хосе Емилио Пачеко е добитник на Златниот венец на СВП

Мексиканскиот поет Хосе Емилио Пачеко, кој се смета за еден од најзначајните поети денес, е годинашен добитник на престижната награда „Златен венец“ на „Струшки вечери на поезијата“.

Ова на денешната (четврток, 28 февруари) прес-конференција во МАНУ го соопштија членовите на Советот за доделување на наградата на СВП, кои одлуката ја донеле едногласно.

Пачеко е роден во 1939 година во Мексико и се смета за еден од највлијателните поети во втората половина на 20. век во Латинска Америка. Му припаѓа на периодот на поставангардата. Како исклучително образуван, добар познавач на шпанската книжевност, на класичното наследство и модерните европски книжевности, остварил синтеза на националната, на хиспанската во најширокото значење и интернационалната лирска, првенствено рефлексивна поезија. Централни теми во неговата поезија се песимизмот, тагата, свесноста за минливото-времето во незапирливото протекување… Хосе Емилио Пачеко е добитник на многубројни престижни награди.

You May Also Like