„Вертикали и премини“ на Анастас Ќушкоски во Куманово

Изложбата на фотографии „Вертикали и премини“ од авторот Анастас Ќушкоски, синоќа (среда, 28 ноември) беше отворена во Уметничката галерија во Куманово.

фото: Утрински весник

Изложбата опфаќа триесетина фотографии кои се дел од дваесеттата изложба на авторот во која тој се навраќа на македонското традиционално градителство, односно, урбаниот простор на oхридско-струшкото крајбрежје. Изложбата во Уметничката галерија во Куманово ќе биде отворена наредните две недели.

Ќушкоски на вљубениците во фотографијата им го разоткрива феноменот на вертикалите и премините, толку типични за овие простори, а сепак неoбични и привлечни.

– Фотографијата е моја пасија со која интензивно се занимавам од 80-те години на минатиот век. Ова е мое второ навраќање на темата македонско традиционално градителство,со акцент на урбаната архитектура, опфаќајќи ги двата града на Охридското езеро со сите нивни специфичности, вели авторот.

Анастас Ќушкоски е познат драмски автор, поет, истражувач, сценарист и режисер.

You May Also Like