Скулптури од виничката колонија ќе се изложат во Гевгелија

Следната недела, во вторник (4-ти декември) Музејот „Теракота“ и Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница, ќе бидат гости на Домот на културата „Македонија“ во Гевгелија, каде што ќе презентираат дел од своите годинешни активности.

Музејот ќе ја отвори изложбата на скулптури од Меѓународната керамичка колонија „Св. Андреј“, а паралелно настап ќе има и мандолинскиот камерен квинтет од Домот на културата.

Деновиве Домот на културата „Тошо Арсов“ со изложбата на карикатури од овогодишниот фестивал „Ин Виница Веритас“ , како и со мандолинскиот оркестар настапи пред кочанската публика.

извор: Regioni.mk

You May Also Like