Денеска (30 мај, четврток) во ресторанот Пелистер (поранешен Дал Мет Фу), со почеток во 12:00 часот ќе биде промовиран новиот албум на Duo Skupi со наслов „ Mak sounds “.
На албумот се сместени девет нови композиции. Темата на новиот албум на Duo Skupi e староградската македонска музика, преработена во нов звук наменет за виолина и флејта.