Започна фестивалот на анимиран филм

Од вчера (среда, 28 номеври) до петок во киното „Фросина“ под мотото „Живеј во боја“ се одржува вториот Меѓународен фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје фест“.

За наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула се натпреваруваат 30 филма, за кои ќе решава шири од познати аниматори – Вук Јевремовиќ од Србија, Венелин Велчев од Бугарија и Миливое Ѓорѓевиќ од Македонија, аниматор од студото Fx3x.

На Полска, годинава ќе и припадне особено признание поради нејзината застапеност и квалитетот на анимирани филмови.

Во трите фестивалски дена од 18 часот ревијално ќе бидат прикажани уште дваесетина светски анимирани филмови.

На фестивалот учествуваат аниматори и студија за анимација од 33 земји. ќе биде прикажан и македонскиот филм „Народен фронт“ во режија на Иван Ивановски. Влезницата е 50 денари, а ќе има и четири работилници за анимација, од кои две за деца.

You May Also Like