Утре и задутре (5 и 6 октмври) во Лублин, Полска се одржува престижниот европски фестивал „Тhe Oldest songs of Europe“. Македонија на фестивалот ќе ја претставува вокално-инструметалниот состав „Бистри води“.
Во постојаниот состав на „Бистри води“ кој постои од 2006 година, се: Велика Стојкова Серафимовска, Елена Христова, Љубица Наумоска, Сашо Митев, Кирил Спасеновски, Бајса Арифовска и Ратко Даутовски.
Со настапот на „Бистри води“ Македонија прв пат учествува на овој фестивал кој се организира веќе 13 години со подршка на Полското министерството за култура и други институции и организации.