Денес на штандот на Просветно дело ќе се одржи промоција на избраните дела на Оливера Николова …
На штандот на Просветно дело и Детска радост, денес во 13 часот, ќе бидат промовирани Избраните дела на Оливера Николова. “Ти чука ли срцето за мене?“, “Ми чука ли срцето за тебе“ и “Ни чукаат срцата за нас?“ се насловите на трите тома кои ќе ги промовира проф. Весна Мојсовска – Чепишевска. Во рамките на овој избор се застапени култниот “Зоки Поки“, “Девојките на Марко“, “Преминот не е осветлен“, “Тажниот весел Владимир“…
Ликовно-графичкото обликување на насловните страници е на Жарко Туниќ, а се авторско дело на Александар Сотировски.
Денес на штандот на Просветно дело и Детска радост во 11 часот ќе има презентација на учебниците за странски јазици, а во 12 часот е закажана промоцијата на книгата за деца Спирко Немирко – дебитантско дело на Ксенија Трајчева.