Проектот ПЛОТС со завршна презентација во ЕУ инфо центарот

На 31 јануари 2012 година (вторик), со почеток во 12:00 часот напладне во просториите на ЕУ Инфо Центарот, ќе се одржи финалната презентација за реализацијата на проектот ПЛОТС.

Проектот ПЛОТС (Места, Поврзаности, Можности, Размени и Иксуства) е европски  проект кој има за цел да ја поддржи мобилноста и размената на искуства и експертиза помеѓу артистите, техничките лица и одговорните за организација ширум Европа. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија под програмата Култура (2007-2013).

Водечкиот партнер на проектот е општината Лече (Италија). Останатите партнери во проектот се: Театар Кореја (Лече, Италија), Меркјури Театар (Колчестер, Англија), Младински Културен Центар (Скопје, Македонија), Драмски и куклен театар Константин Величов (Пазарџик, Бугарија), Хелен Модјеска Театар (Легница, Полска).

ПЛОТС преставува програма за размена на артисти, одржување на работилници, тренинзи, истражувања, нови продукции како и презентација на истите во рамките на пет помали меѓународни фестивали во 2011. Овој амбициозен кретивен проект го истакнува културното наследство, како и знаењата на лицата вработени во театарските институции ширум Европа. Резултатите за време на истражувањата во рамките на проектот ќе бидат широко дистрибуирани. Главната цел на проектот е создавање на Евромедитерански истражувачки центар за Мобилност на Артисти.

Распоредот на завршната презентација на проектот е:

12:00 часот: Краток говор на одговорните лица за проектот, презентација на видео документацијата снимена за времетраењето на проектот П.Л.О.Т.С. (Места, Поврзаности, Можности, Размени, Искуства).

13:00 часот: Дискусија со учесниците и присутните гости, размена на искуства и импресии,  средба со Транснационалниот координативен комитет.
Презентацијата е во реализација  на Младинскиот Култрен Центар – Скопје.

You May Also Like