По многуте успешни акустични и електронски настапи минатата година, в петок (5 октомври, 2012 година) повторно ќе имаме убава можност да го слушнеме нашиот композитор и продуцент Дуке Бојаџиев кој повеќе од една деценија живее и создава во Њујорк.
Во рамките на овој настап Дуке ќе го претстави својот нов проект со њујоршката пејачка и фотомодел Lauren Amaris со која тој соработува од минатата година.
Специјален гостин на овој настап ќе биде и неговиот долгогодишен соработник DJ Antipop од Париз, еден од основачите на познатото француско трио Telepop Music.
Овој петок во Сектор 909 – магична вечер со нашиот виртуоз кој при секоја посета не’ освежува со нови гости од светот, носејќи ги во куферот новите музички вибрации од њујоршката и интернационалната музичка сцена.