Премиера на балетот „Александар III Македонски“

Балетското дело „Александар III Македонски“ е по музика на  најпродуктивниот македонски композитор на дела за балет – Љубомир Бранѓолица. Премиерата вечер (вторник, 9 април 2013)  е во рамките на манифестацијата „Денови на македонска музика“.

фото:Д.Андоновски

На сцената на МОБ на 09 и 10 април  со почеток во 20:00 часот, публиката ќе има можност да проследи едно необично сценско видување на авторскиот тим кој е одличен спој на младоста со искуството. Музичко – сценско дело со модерна визуелизација. Балет што ги следи современите балетски трендови, балет со современ шмек.

Балетската претстава е под диригентско водство на маестро Борјан Цанев. Главните улоги се доделени на првенецот Васил Чичијашвили од Грузија (Александар), првенката Александра Мијалкова (Роксана), Ивана Коцевска (Олимпија), првенецот Бобан Ковачевски (Хефестион), Трајче Стојковски (Дариј) и Драган Кочоски (Филип II).  Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.

Александар III Македонски е балет во два чина, кој започнува  со интересот на композиторот за животот на еден голем крал на Македонија и мотивот да се опее животот на македонскиот војсководец.  Кореографијата е доверена на Роналд Савковиќ од Хрватска, кој ќе каже дека во оваа поставка посветува поголемо внимание на наративната приказна и  визуелната естетика на претставата (македонската традиција). Зоран Костовски ќе понуди сценографија која е создадена да биде прифатлива во денешно време, а сепак автентична на она време тогаш. Костимографијата е на Александар Ношпал, чиј концепт на костими нудат  приказ на елементи земени од класичниот – антички и македонскиот – етнографски костим, редизајнирани на современ начин за да се доближат до она што го бара кореографијата.

Либрето: Љубомир Бранѓолица и Роналд Савковиќ (Хрватска)

Кореограф: Роналд Савковиќ (Хрватска)
Диригент: Борјан Цанев
Сценограф: Зоран Костовски
Костимограф: Александар Ношпал
Светло дизајн: Васко Лисичов
Главен репетитор на балетот на МОБ: Тања Вујисиќ – Тодоровска
Педагог на балетот на МОБ: д-р Снежана Филиповска
Асс. Кореограф: Олга Панго, Горан Божинов, Саша Евтимова
Асс. Костимограф: Маре Трајковска
Концерт мајстор: Верица Ламбевска

Улогите ги толкуваат:
Александар: Васил Чичијашвили (Грузија)
Роксана: Александра Мијалкова
Олимпија: Ивана Коцевска
Хефестион: Бобан Ковачевски
Дариj крал на Персија: Трајче Стојковски
Филип II: Драган Кочоски
Настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ

фото:Д.Андоновски

 

You May Also Like