Викендов, „анимирано“ освежување на репертоарот на кино Милениум. Од сабота наутро, најмладата филмска публика ќе има можност да го погледне филмот „Авантурите на Семи 2“ (3Д), во режија на Vincent Kesteloot и Ben Stassen.
Новитет ја очекува публиката и во терминот резервиран за европската кинематографија (секој работен ден во 13.00 часот) – Германскиот филм „Воинствени девојки“, во режија на David Wnendt, на редовниот репертоар во текот на следната недела.
Како што најавивме и минатиот пат, акцијата „Кино викенд во Милениум“ продолжува и овој викенд, но сега „надградена и проширена“….
Имено, во текот на овој викенд љубителите на филмската уметност ќе имаат можност до одберат 2 филма од репертоарот на кино Милениум(но овој пат било кои 2 филма, не само Хобитот и Џанго) и во текот на викендот да ги погледнат со попуст од 50 денари по филм.
Значи, одиме цел викенд во кино и гледаме „2 филма за 200 до 250 денари“.
ПЕТОК (08.02):
13:00 – Воинствени девојки
15:00 – „Пет легенди“ 3Д (оригинален наслов „Rise of the Guardians”3D)
17:00 – ЏАНГО: РАЗУЗДАНИОТ
20:00 – ХОБИТОТ
23:00 – ХОБИТОТ
САБОТА – НЕДЕЛА (09 и 10.02):
10:00 – „Пет легенди“ 3Д (оригинален наслов „Rise of the Guardians”3D)
12:00 – „Авантурите на Семи 2“ 3Д (Премиера)
14:00 – ХОБИТОТ
17:00 – ЏАНГО: РАЗУЗДАНИОТ
20:00 – ХОБИТОТ
23:00 – ЏАНГО: РАЗУЗДАНИОТ
ПОНЕДЕЛНИК – ЧЕТВРТОК (11 – 14.02):
13:00 – Воинствени девојки
15:00 – „Авантурите на Семи 2“ 3Д
17:00 – ЏАНГО: РАЗУЗДАНИОТ
20:00 – ХОБИТОТ
23:00 – ХОБИТОT