Традиционалната детска манифестација „Снежен град“ и „Снежен караван 2013“ ќе се одржи и годинава во Бунец, на Маврово во терминот: „Снежен град“ од 11.02 до 16.02.2013 година и „Снежен караван 2013“ од 16.02. до 28.02.2013 година.
Снежниот град ќе го градат деца, ученици од основно-школска училишна возраст, од повеќе училишта од Скопје и други места од Македонија.
Сите тие се екипирани по десетина деца со свој ментор и Ќе го изградат својот град кој што на 16.02.2013 година со свечено отворање во 11,00 часот Ќе го предадат на посетителите со што почнува вториот дел на манифестацијата „Снежниот караван“.
Во рамките на манифестацијата се одржуваат и други активности од креативно-рекреативен карактер, „Снежната квизотека“,избор на Снежна убавица, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и се разбира забава во диско за учесниците на „Снежниот град“.