Повик за учество на Првиот саем на современа уметност

Граѓанското здружение за промоција и поддршка на културата Континео 2020 во соработка со партнерската организација YLDA (Young People for Local Development Association) од Торино, Италија го најавуваат одржувањето на првиот саем за современа уметност – Паратисима Скопје којшто ќе се оддржи од 13 до 15 јуни, во просториите на Младинскиот културен центар, Скопје со наслов „Поврзувања”.

festival_paratisima

 

Организаторите информираат: „Воедно сакаме и да ве известиме дека од 9ти мај до 1ви јуни 2014 година е отворен јавниот повик за пријавување и учество на Паратисима. Заинтересираните уметници ќе можат да го најдат повикот на официјалниот веб сајт на Паратисима (http://paratissima.it) и профилите на Паратисима на социјалните мрежи.

Правила: За учество на саемот не постои пред-селекција, право на учество имаат сите заинтересирани автори – независно од форматот во кој се изразуваат. Форматот на Паратисима е едноставен: заедно со уметниците кои сакаат да учествуваат и да ја поддржат иницијативата, се реализира настан кој им дава видливост на уметничките дела и ја поддржува нивната промоција. Паратисима е наменета за сите, но таа особено се стреми кон поддржување и промоција на млади, не етаблирани автори, но истовремено презентира и афирмирани уметници на коишто им нуди нов контекст и простор за соработка во динамична и енергична средина. За посета на настаните нема да се наплаќа билет. Учесниците и нивните дела ќе бидат соодветно распоредени во просториите на Младинскиот културен центар со помош на фестивалскиот уметнички директор и куратор.

На секој автор му е овозможена комплетна автономност при изборот на делото и техниката.
Паратисима дава можност на сите автори да бидат прикажани без претходна селекција, но на крајот на настанот ќе бидат селектирани 10тина автори коишто ќе имаат шанса да ги прикажат своите дела на Паратисима во Торино, ноември 2014 година.
Паратисима Скопје е реализирана со институционална поддршка од Град Торино, торинската Стопанска Комора, Младинскиот Културен Центар и Град Скопје“ – велат организаторите на Партисима.

You May Also Like