На 11 февруари, во рамки на одбележувањето на 70 – годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија во логорот на смртта Треблинка, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, ќе гостува др. Елиезер Папо, директор на Центарот за ладино култура “Моше Давид Гаон“ при Универзитетот Бен Гурион во Бер Шева, Израел.
Др. Елиезер Папо, кој е признат истражувач, преведувач, лингвист и професор во светски рамки, за прв пат ќе одржи две предавања. Овие предавања се отворени за сите оние кои се заинтересирани за сефардската култура и традиција, кои веруваме ќе бидат во голем број.
Првото предавање кое ќе го одржи др. Папо е „Сефарди: Портрет во неколку потези“ е во термионот од 16,30 – 18,00 часот, а второто предавање на тема: „Вовед во еврејската света книжевност“ ќе се одржи од 18,30 – 20,00 часот.