„Темно сино“ на младиот автор Владимир Илиевски во Галерија 8

Вечерва (среда,  13. 03. 2013) со почеток во 20:30 часот во Галерија 8 – во Безистенот во  Старата скопска чаршија, ќе се отвори изложбата „Темно сино“ на младиот авторот Владимир Илиевски. На изложбата Илиевски ќе се претстави со 20 цртежи изработени со сино мастило на хартија.

Ова ќе биде негово трето самостојно претставување. Покрај многубројните групни претставувања, добитник е и на награди од областа на дизајнот и карикатурата.

 

You May Also Like