Промоција на збирка раскази од Тамара Јолевска Попов во МКЦ

Денеска (понеделник, 10 февруари) во Киното Фросина (МКЦ) во 20:00 часот, ќе биде промовирана збирката раскази „Г-дур“ од Тамара Јолевска Попов, издание на Или-Или од Скопје.

g-dur_tamara_jolevska_popov

Авторката, своите раскази на сцената на Фросина ќе ги претстави заедно со музичка поддршка на составот Бета Хаус, рецензент е Тина Иванова, актер и презентер, Владимир Петровиќ.

Тамара Јолевска – Попов е родена 1987 година во Скопје. Средното образование го завршила во уметничкиот колеџ „Бромсгроув“ во Бирмингем, Велика Британија. Англиски и шпански јазик и книжевност дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“во Скопје.
Долги години е присутна како танчер на независната уметничка сцена. Автор е на неколку драмски текстови, а збирката куси раскази „Г-дур“ е нејзина прва литературна објава.

„Расказите на Јолеска – Попов се куси – инстант раскази, во стил на мали скопски разговори, со временски и просторни елипси со кои се постигнуваат различни атмосфери. Обидете се да се впуштите во дијалог со нив“.
Снежана Младеновска Анѓелков

„Кратките раскази на Тамара имаат мошне флексибилен ритам како во џезот, а од друга страна, пак, поседуваат наметлива и оптимистичка мелодија како во некоја каденца од Моцарт која создава тензија да дојде крајот, па да се сфати суштината на целата приказна“.
Тина Иванова

You May Also Like