Во просториите на Работничкиот универзитет „Крсте Мисирков“ – Кичево, денес (среда, 13 март 2013 година) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи трибина под наслов „Кичево низ историјата“.
Истата е организирана од страна на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Кичево. Главни презентери на трибината се Ацо Нестороски Магистар по Евро интеграции и Виолета Петкоска, професор по историја.