Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (14.3.2013 година) во 12:00 часот, во салата на Македонската академија на науките и уметностите ќе се обрати на промоцијата на книгата „Балканскиот мегаетникум – националните доктрини на македонските соседи“ на професорот Димитар Мирчев, а во издание на книгоиздателството ВиГ Зеница.
Во рамките на промоцијата, свое обраќање ќе имаат и проф. Бранислав Саркањац и проф.Златко Крамариќ, амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија.