Derrick May во Сектор

Во петок (22 март), во скопскиот клуб „Сектор 909“ ќе гостува детроитскиот техно диџеј, Derrick May.

 

Derrick May е добро познат диџеј на македонската публика. Голем број од неговите настапи во Македонија се незаборавни а името Derrick May стана синоним за добра музика и забава.

Тој доаѓа повторно во Скопја како дел од неговата промотивна турнеја за компилацијата We Love… Detroit, која ја издаде неодамна заедно со младиот детроитски музичар Jimmy Edgar . Навистина е реткост да чуеме било какво издание од него што само го потврдува фактот дека тој е на врвот на техно сцената поради неговите диџеј способности а не поради неговата продукција.

Ова е прво гостување на Derrick во зимскиот клуб Сектор и навистина е привилегија да се слуша овој великан на техно сцената, во мал клуб.

Неговата позитивна енергија, која секогаш успешно ја пренесува на публиката преку својата музика и харизма, веруваме дека најдобро ќе може да се почуствува во ваков мал простор и ќе се доживее едно незаборавно искуство.

You May Also Like