Светски ден на театарот за деца и млади

Денес е 20 Март – Светскиот ден на театарот за деца и млади. Театарска Младина на Македонија како национален центар на ASSITEJ – Меѓународната организација на театри за деца и млади, ви ги проследува годинешните пораки по повод овој ден. Честитки до сите театарски уметници на Република Македонија кои подготвуваат и изведуваат претстави за деца и млади и големи честитки за најверната публика – децата и младите во Македонија. По повод празникот честитки упатија претседателката на ASSITEJ Ивет Харди и Мајкл Морпурго – светски познат детски писател.

Yvette Hardie, Претседател

Писмо од претседателот на ASSITEJ

Која е вредноста на театарот во животот на децата и младите?

Напишано е многу нешто за вредноста на уметноста, и направена е битна работа од светски рамки за истражување на моќните ефекти на уметноста врз децата преку студии во невронауките, невро-образованието, развојната психологија и сродните полиња. Но, колку што можеме да се обидуваме да го измериме влијанието на она што го правиме, постои и ниво на кое влијанието на уметноста врз својата публика останува таинствено и немерливо. Се работи за длабок и уникатен спој на театарското дело со публиката, во одреден простор и време, што го прави театарот толку непредвидлив и возбудлив.

Неодамна ме потсетија на изреката: “Можете да ги пресметате семињата во јаболкото, но не може да ги пресметате јаболката во семето.” Влијанието на искуството на театарот врз децата и младите е невозможно да се измери точно, но верувам дека тоа е потентно во содржината на семето за безброј јаболка.

Питер-Дирк Ајс, славен актер и писател од Јужна Африка, кој работи со под-привилегираните деца во малото село Дарлинг, ја раскажува приказната за времето кога тој зеде група деца на една прошетка во градот. Тој го возеше автобусот угоре по ридот надвор од селото, кога забележа дека момчето на предното седиште до него станува напнато. Кога стигнаа на врвот на ридот, а момчето можеше да го види патот кој се протегаше пред него и морето во далечината, тој извика зачуден, со олеснување, “Има повеќе!” Верувам дека оние од нас кои го прават театарот за деца и млади луѓе, тоа го прават за таа прецизна причина – да се разбуди во секое дете сфаќањето дека навистина има “повеќе”. И многу повеќе. И многу повеќе.

Значи, кога ќе се направи театар за деца и млади луѓе, ние сееме неизмерна моќ и обезбедување на непосредноста на откривање “повеќе” – повеќе радост, смеа, љубопитност, ненадејна реализација, промена во перцепција, солзи на емпатија, смисла на чудење и на длабока апсорпција. Повеќе од она што значи да се биде жив.

Придружете ни се во одбележувањето на Светскиот ден на Театарот за деца и млади луѓе 2013 преку кампањата “Земи дете на театар денес”. Кој може да ги пресмета јаболката во семето што вие ќе го посадите?

 

Порака од Michael Morpurgo

Мајкл Морпурго има напишано над сто книги и освоено многу награди. Во 1976 година, Мајкл и неговата сопруга Клер ја формираа добротворната организација Добротворни Фарми за Градските Деца, која има за цел да ја намали сиромаштијата на искуството на младите деца од центарот на градот и урбаните средини. Во 1999 година, тие беа наградени со MBE за нивната работа во креирањето на овие фарми, и во 2006 година Мајкл доби OBE.

Неговиот роман „Коњна војната“ е адаптиран во енормно успешна и критички призната Вест Енд игра, како и во филм на режисерот Стивен Спилберг. Мајкл е неуморен шампион за детски книги и беше порано Детски Лауреат. Сакан од децата, наставниците и родителите, Мајкл Морпурго е добитник на наградите: Whitbread, Smarties, Sircle of Gold, Children’s Book и четири пати е номиниран за медалот Карнеги.

(Превземено од Lovereading4Kids.co.uk)

“Шекспир еднаш напиша” Претставата е нешто ….. “И тој беше во право, но не сосема во право, всушност! Приказната е нешто, а претставата е едноставно најмоќниот начин на раскажување на таа приказна.

Ја дознав причината за тоа пред само некој ден. Отидов да се сретнам со новиот кастинг на драмата „Коњ на војната“ (приказна, која е и книга и филм, се разбира). Околу мене, како што јас ги раскажував приказните на Девон и земјоделството и Првата светска војна, беа скоро 40 актери кои се среќаваат за прв пат да направат претстава. Затоа, не едно лице кое раскажува една приказна (што е она што јас обично го правам), туку големо друштво кое ги дава срцето и душата и целата нивна огромна емоционална енергија, нивниот интелект и актерски талент, да направи претстава која ќе остави впечаток и која ќе уплаши, која ќе направи публиката да се смее, која ќе ги расплаче. Секое шоу (и тие ќе играат за десетици илјади деца и млади луѓе), тие ќе настојуваат да го направат незаборавно.

Моќта на театарот, за млади или за стари, лежи во соработката на приказни и идеи, актери (и  оние позади сцената, се разбира), и што е најважно публика – сите ние ја правиме претставата заедно, ја живееме заедно, ја укинуваме недовербата заедно, врзани во ист имагинативен потфат.

За млади луѓе, кои доаѓаат во театарот, за прв пат, ефектот е електрифицирање, крајно релевантно. Се случува во живо, пред нивните очи, приказната, спектаклот, музиката, осветлувањето, движењето, звукот, актерите. Такво искуство може да го промени животот на младиот човек. Нè информира и збогатува сите нас. “

You May Also Like