Со твоето „селфи“ до поддршка за младите во светот

Правата на младите луѓе и нивните потреби заслужуваат подобар третман. Ова е само една од пораката која е вклучената во новата глобална кампања на УНФПА- #showyourselfie , а по повод Меѓународен ден на младите.

show_your_selfie „На меѓународниот ден на младите, поттикнати од потребите на оваа категорија започнува кампања во целиот свет со една цел: да се соберат што повеќе „селфи“ фотографии кои всушност претставуваат потпис на секоја индивидуа на петицијата која докажува дека светот верува во силата на младите луѓе, која ја создава нашата сегашност и иднина. #showyourselfie (#покажиготвоетоселфи) е предвидена да трае неколку месецци со цел да се соберат милиони млади луѓе и оние кои ги поддржуваат, за да им се даде до знаење на оние кои ги носат одлуките на глобално ниво дека потребите и правата на младите луѓе треба да се во приоритетите“ –истакнаа вчера   од регионалната канцеларија на УНФПА во Македонија.

Идејата е многу едноставна. Секој корисник на социјалните мрежи кој ќе постира „селфи“ фотографијата заедно со хаштагот #showyourselfie (#покажиготвоетоселфи) го дава својот потпис на петицијата која е наменета за младите луѓе во светот.

Денес во светот живеат 1,8 билиони млади луѓе, повеќе од било кога. А, сепак милиони од нив, особено девојчиња, немаат пристап до нивните основни потреби како образование, здраствени услуги, пристап до работни позиции и здраствени услуги. 500 милиони млади луѓе на возраст од 15-24 години живеат со помалку од два долари на ден, а околу 175 милиони на возраст од 10-24 години живеат во сиромашни земји во кои не знаат да прочитаат една реченица.

Ова се само дел од причините кои беа важни за стартувањето на оваа кампања. Дополнително, токму во овој период светските лидери ги носат своите одлуки за наредните 15 години. Овие одлуки ќе влијаат на најголемите проблеми во моментов: климатските промени, здравството, еднаквоста помеќу половите и нивните права. Но во нивната агенда ги нема правата и потребите на младите на глобално ниво. Затоа е важна масовноста на оваа акција.show_your_selfie_DNK

„Оваа кампања стартува од денес во целиот свет со една цел: да се соберат што повеќе „селфи“ фотографии кои всушност претставуваат потпис на секоја индивидуа на петицијата која докажува дека светот верува во силата на младите луѓе, кои влијаат на создавањето на нашата сегашност и иднина. #showyourselfie (#покажиготвоетоселфи) е предвидена да трае неколку месецци со цел да се соберат милиони млади луѓе и оние кои ги поддржуваат, за да им се даде до знаење на оние кои ги носат одлуките на глобално ниво дека потребите и правата на младите луѓе треба да се во приоритетите на светот. Токму затоа оваа идеја треба да се пренесе во секое ќоше од светот и секој млад човек да помогне во реализација на кампањата. Секоја фотографија е важна, а масовноста е од огромно значење, бидејќи со ова сакаме да пренесеме порака, која не може да се игнорира.“ – велат од регионалната канцеларија на УНФПА во Македонија.

Ова е кампања која се реализира на глобално ниво од страна на Фондот за население при Обединетите Нации во соработка со Global Poverty Project, а сите оние кои ќе се приклучат ќе бидат дел од големиот број на млади луѓе и нивни поддржувачи кои во светот ќе ја закачат својата фотографија на веб-страната www.showyourselfie.org или на социјалните мрежи со хаштаг #showyourselfie (#покажиготвоетоселфи).

Оваа кампања веќе почна да ја добива поддршката и од македонските јавни личности кои ги покажаа своите „селфи“-фотографии: министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Андреј и Панчо од ДНК, Димитар Атанасовски, Дани Димитровска, Сара Мејс и многу други.

 

You May Also Like