Одбележани 85 години постоење на музејот Никола Незлобински во Струга

Со отворањето на музејска поставка посветена на  големиот руски хуманист и визионер – основоположникот на музеологијата во Република Македонија, д-р Никола Незлобински денеска (среда, 20 март) во Музејот во Струга свечено беше одбележана 85-годишнината од постоењето на една од најстарите музејски институции во Република Македонија.

Во своето обраќање пред присутните министерката за култура подвлече дека Музејот во Струга со новата музејска поставка не навраќа на богата оставнина на д-р Незлобински, на неговиот значаен методолошки пристап кон музеологијата кој го трасираше развојот на оваа наука во нашата земја.

Легатот на д-р Никола Незлобински кој е денеска пред нас е една исклучителна вредност преку која е претставен професионалниот и личниот ангажман на д-р Незлобински во Струга.  Во спомен-собата се презентирани 12 изложбени паноа и преку 100 негови лични предмети, микоскопи и други алатки за работа, документација за основањето на музејот, негови одликувања, портрети и многубројни фотографии кои Незлобински лично ги сликал со својот фоторафски апарат на кои се претставени автентични мотиви од Струга“, истакна во Канческа-Милевска.

Музејот во Струга е една од ретките институции од овој профил во нашата земја која може да се пофали  со богат историски, етнографски материјал, збирка на преку 8.000 археолошки предмети, 12.000 предмети природно-научен материјал носии, фотографии и филмови, богата нумизматичка збирка која го раскажува богатиот културно-исторски развој на Струга.

Преку поставките и преку проектите кои се реализираат во овој Музеј околу 12.000 домашни и странски посетители годишно учат за ендемските видови, но и за историјата и богатото културно наследство на струшкиот регион и пошироко.

You May Also Like