Следната недела (вторник, 24.04.2012) во Домот на АРМ во Скопје, со почеток во 20:00 часот, свој целовечерен концерт ќе одржи популарната полска џез група Артур Дуткиевич Трио.
Лидерот на групата, пијанистот Артур Дуткиењицз е еден од најуспесните полски јазз музицари во светот, до сега има снимено пет соло албуми и гостувано на многубројни јазз проекти.
Групата ја сочинуваат: Артур Дуткиевич – пиано, Павел Пужало – бас и Лукаш Жута – тапани. Во својата кариера, оваа џез формација има одржано концерти на најпознатите светски џез фестивали, а во Скопје доаѓаат за прв пат, на покана од Полската Амбасада во Македонија.
За овој концерт влезот е слободен и истиот е во организација на Полската Амбасада, Македонската Филхармонија и продуцентската кука Трето Уво.