Премиерно издание на анимираните серии „Во потрага по Сара Џеј“ во ЕУ Инфо центар

ЕУ Инфо Центарот и Business Solutions Europa Ве канат на премиерното издание на анимираните серии „Во потрага по Сара Џеј“, проследено со панел дискусија. На отворањето ќе се обрати амбасадорот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав. Настанот е денес (петок, 20 април 2012) во просториите на ЕУ Инфо Центар, ЕУ Делегација во Скопје, од 11:00 – 13:00 часот, проследено со коктел.

Говорници:

Г-ин Антонио Јовановски, претседател на НВО Гоу Грин и координатор

Г-ин Луиџи Петито, проектен координатор

Г-ин Аиво Орав, Амбасадор на Евопската Унија

Г-ѓа Ајше Селмани, заменик директор на бирото за развој на образование

Г-ин Зоран Бојаровски, претставник од националната телевизија Алфа

Анимираните серии се продукциски производ на проектот поддржан од Европската Унија – Ја сакаме Европа. Новиот ТВ продукт наменет за деца на возраст од 8 – 12 години се користи со образовно забавна содржина која опфаќа некои од денешните најважни теми:

· Заштеда на енергија и одговорност кон околината

· Слобода на движење на луѓето и повеќе можности за професионален и општествен развој

. Здрава исхрана и физичка активност

· Интеграција и толеранција

· Доверба и почит како основи за развој на цивилното општество

Анимираните серии ќе се емитуваат на македонски и албански јазик и се изработени според иновативна методологија која вклучува соработка со експерти на наведените теми, фокус групи со претставници од возрасната група и соработка со претставници од телевизиски куќи во Македонија, Србија и Црна Гора.

You May Also Like