Македонски поети на словенечкиот фестивал „Млади рими“

Македонски поети втора година по ред ќе се претстават на седмото по ред издание на меѓународниот поетски фестивал „Млади рими“ во Љубљана, Словенија.

books

 

На Фестивалот ќе настапат Снежана Стојчевска и Ана Голејшка од Скопје, Лидија Димковска која живее и работи во Љубљана и Бистра Кумбароска од Виена.

Пред словенечката јавност, дел од творештвото на македонските поети ќе биде претставено и во препев на словенечки јазик. Словенечката читателска публика ќе биде запознаена со уметничките вредности на поетското творештво на овие млади автори кои се нова движечка сила на современата македонска книжевност.

Покрај домашните словенечки автори, и авторите од Македонија, на фестивалот ќе настапат и поети од Ирска, Англија, Италија, Шпанија, Хрватска и од Србија.

Фестивалот „Млади рими“, трае од 16 до 30 јуни и се одржува како завршна манифестација по низа редовни поетски читања одржани во текот на календарската година, на кои се претставуваат млади словенечки поети.

You May Also Like