Концерт на сестрите Никоски во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп

Вечерва (среда, 29 август 2012) со почеток во 20:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ концерт ќе одржат сестрите Никоски. На виолина ќе настапи Софија Никоска, а на пијано Христина Никоска.


Концертот е во рамките на манифестацијата „Цело лето, културно лето“, што Центарот ја реализира во соработка со општина Прилеп.

Програма:
J.S.Bach – Sonata I
– Adagio
– Fugue

H.Wieniawski – Prelude

W.A.Mozart – Sonata for violin and piano in B major KV454
– Largo-Allegro
– Andante
– Allegretto

N.Paganinni – Caprice no. 24

*********
C.Frank – Sonata for violin and piano in A major
– Allegretto ben moderato
– Allegro
– Ben moderato: Recitative-Fantasia
– Allegretto poco mosso

F.Waxman – Carmen fantasy

———————————————————————

Биографии:

Софија Никоска е родена 1991 година во Прилеп, каде го започнува своето музичко образование на шест годишна возраст во основното музичко училиште. Средното музичко училиште го завршува во Скопје, после кое се запишува на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Олег Кондратенко на само петнаесет години и станува најмлад бруцош на ФМУ. Дипломира со највисока оцена – цум лауде, а моментално е студент во класата на реномираниот проф. Захар Брон, во кралскиот колеџ за музика “Queen Sofia” во Мадрид, Шпанија, како стипендист на фондацијата “Албениз”. На своја девет годишна возраст освојува прва награда на интернационалниот виолински натпревар “Cornelia Bronzetti” – Романија и прва награда на државниот натпревар во Скопје, за потоа да следат многубројните награди и признанија. Во склоп на кралскиот колеџ, член е на квинтетот “Brahms del Mundo”  под менторство на проф. Марта Гулиас и Луис Фернандо Перес. Софија Никоска е една од најдобрите виолинистки во Македонија, а и надвор од неа.

Христина Никоска е родена 1989 година во Прилеп, каде го започнува своето музичко обрзование во музичкото училиште во Прилеп во класата на проф.Виолета Кочоска. Во текот на своето музичко образование посетува часови кај повеќе пијанистички педагози, меѓу кои: проф.Мери Кавкалевска-Стоилкова, проф.Надежда Пејсахова, проф.Глигор Гелебешев. Средното музичко обрзование го завршува во Скопје во класата на проф.Људмила Романава, а дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје во класата на проф.Марија Ѓошевска. Учествува на повеке државни и меѓународни пијанистички натпревари. Учесник е во Европската летна музичка академија, каде работи со Лејла Пула (Косово) и Јаромир Клепач (Чешка). Покрај солистичките активности во и надвор од земјава, често настапува и со камерни ансамбли.

You May Also Like