„Бела ноќ“ на Широк сокак во Битола

Битолското културно лето продолжува со традиционалната манифестација „Бела ноќ на Широк Сокак“ која годинава ќе се одржи по четврт пат …

sirok sokak vo belo 2

Од Општина Битола информираат дека ѕвезда на вечерта ќе биде Том Нови, светски познат ди-џеј и продуцент од Германија, а на Широк Сокак ќе настапат и други ди-џеи од градот и државата.

– Годинава во манифестацијата „Бела ноќ на Широк Сокак“ вклучени се 10 кафе барови, а гостите ќе ги забавува Том Нови, светски познатиот ди-џеј и продуцент од Германија. За загревање на атмосферата ќе се погрижат ди-џеите „Боца“, Андреј Гошев и легендарниот „Ацика“ кој што воедно ќе стави крај на својата кариера, посочуваат од Општина Битола.

Манифестацијата „Бела ноќ на Широк Сокак“ е забавно-музички настан на кој во изминатите години гостуваа Кирил Џајковски, Дејвид Моралес и Хернан Катанео.

Битолското културно лето „БитФест“ ќе заврши на 29 август.

You May Also Like