Во депото на Македонски железници (на улица „Трета македонска бригада 66, зад Американ колеџ), денес напладне ќе се снима филмот „Шишка де лукс”, соопшти продукцијата „Кино око“.
Филмот „Шишка де лукс”, е словенечко-македонско-чешка копродукција, по сценарио и режија на Јан Цвиткович, финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија. Улогите ги толкуваат: Жига Фодрансперг, Давид Фурлан, Марко Миладиновиќ, Перо Арсовски, Андријана Бошкоска-Батич… Во екипата од Македонија се сценографот Иван Бартлинг, костимографот Жаклина Крстевска и Горан Игњатовски – шминкер/маскер. Македонски копродуцент е Роберт Насков преку продуцентската куќа „Кино око“.