Денеска се снима првата клапа на „Три дена во септември“

Првата клапа на играниот филм „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски ќе се снима денеска (22 септември 2014, понеделник) во 11:00 часот, на Железничка станица Драчево, Скопје.

Tri Dena vo Septemvri_poster

„Три дена во дептември“ е дебитантски игран филм на режисерот од новата генерација Даријан Пејовски, кој заедно со Игор Иванов го напишаа сценариото по кое ќе биде снимен филмот. Пејовски претходно има потпишано неколку краткометражни филмови, кои го откриваат неговиот талент и специфичен авторски израз.

You May Also Like