На покана на градоначалникот на Општина Чекмекој, Ахмет Појраз, делегација од општина Дојран, предводена од градоначалникот Борче Стамов, во која беа и претседателот на Советот, Ташко Дуљанов и советникот Ердал Идризов, на 3 и 4 јуни престојуваа во дводневна посета на збратимената општина од Истанбул.

На средбата, двајцата градоначалници разговараа за досегашната културна соработка помеѓу двете општини и взаемно договорија таа да се прошири и продлабочи во други сектори. Покрај ова, во знак на доброто пријателство, општина Чекмекој прифати да ја финансира реставрација на старата Саат кула и изградба на мини плоштад околу неа, како и реставрација на старата османлиска чешма во Дојран.
Во рамките на посетата, Стамов оставри средби со повеќе стопанственици од Истанбул, во организација на замениците-градоначалници од Чекмекој, на која беа презентирани можностите за инвестирање во Дојран и договорија посета на Дојран на поголема делегација на претставници од општината и бизнис-секторот кон крајот на август.

