Македонски поети во антологијата „Планета на поетите“

Поетите Бранко Цветкоски и Славе Ѓорѓо Димоски се претставници на Македонија во меѓународната поетска антологија „Планета на поетите“ која на почетокот на годинава се појави во латвиската престолнина Рига.


Во овој проект на Меѓународната асоцијација на писателите и публицистите од Рига, кој е поддржан од Европската комисија, нашите познати поети се застапени со по десет песни во препев на Олга Панкина и Максим Замшев, а во антологијата групно се претставени и поезиите на Австралија, Австрија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Бугарија, Велика Британија, Унгарија, Германија, Грузија, Израел, Шпанија, Казахстан, Канада, Киргизија, Латвија, Литва, Молдова, Монголија, Полска, Португалија, Русија, Србија, САД, Турција, Украина, Франција, Чешка. Шведска и Естонија.

Антологијата ќе биде промовирана летово на Вториот европски литературен форум, книжевен собир којшто секоја година се одржува во Рига со учество на литерати од триесетина земји од светот.

You May Also Like