Годишна изложба на ДЛУМ

Утре ( 13 февруари, 2013, среда) во 20:00 часот во Музеј на град Скопје ќе се оддржи отворањето на ревијалната „Годишна изложба“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, која се организира како настан по 59 пат.

На изложбата ќе бидат претставени дела на 106 автори од цела Македонија. Уметничкиот совет на ДЛУМ по повод Годишната изложба доделува признанија од областа на ликовната уметност од кои најзначајни се наградите “Нерешки мајстори“ за сликарство  и скулптура.

Оваа година изложбата ќе се одржи на две локации. Отворањето ќе биде во Музеј на град Скопје, со говор на Владимир Ѓеорѓиевски, потоа ДЛУМ Ве поканува во Домот на Армијата да ја проследите поставката на делата и да уживате во неа.

You May Also Like