Денеска (недела, 12 август, 2012 година) е последниот ден од 7-то издание на Фестивалот на современи уметност – АКТО во Битола. Крајот на Фестивалот ќе го означат авторските остварувања на Ѓорѓе Јовановиќ, Наташа Гелева, Јане Алтипермаков, како и музиката на Саша Павловиќ и Martchin (OffPop).
Годинашната тема на АКТО 07 беше „Публика/Audience/Public“ и на неколку локации во Битола, меѓу нив и доста нестандардни културни сцени, донесе значајни работилници, изложби, инсталации, уметнички перформансии, дискусии и музички проекти. Фестивалот беше отворен со кураторскиот проект на Сузана Милевска „Павилјон за знаење по мерка“.
Oфицијална програма за 12.08:
– 20.00 –
На Битола со љубов- Ѓорѓе Јовановиќ / Македонија
партиципативен проект со публика
Локација: простор околу Офицерски Дом
– 20.30-
Затворање на фестивалот и доделување на наградата за
интердисциплинарност “Драгиша Наневски”
Локација: Офицерски дом
OФФ Програма
-21.00- “Аплауз за публиката” , музички перформанс – Саша Павловиќ
-23.00- “И фабриките имаат душа”
Проекција на аудио – визуелно патување на режисерското дуо
Наташа Гелева и Јане Алтипармаков
+ dub_techno/trippy/psychedelic dj set:
Martchin [OffPop]
+ селектиран видео материјал на Јане Алтипармаков
Локација: Офицерски дом