Вечерва (понеделник, 10 септември) со почеток во 18:30 часот, во Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, ќе биде отворена изложбата на цртежи, со наслов „Поврзувања“.
Вкупно петнаесет автори од Македонија, Бугарија и Србија ќе бидат претставени со свои цртежи,благодарение на иницијативата за регионално ликовно поврзување,иницирана од групата Арт фактор. Изложбата “Поврзувања” веќе беше претставена пред публиката во Скопје (Скопско лето, јуни 2012) и во Ниш, Србија (јули,2012).
На првото претставување пред публиката во Софија,ќе бидат изложени цртежи од Атанас Ботев,Беди Ибрахим,Зорица Зафировска,Миле Ничевски,Ненад Ѓорѓевиќ (Македонија); Ивана Станковиќ, Слободан Радојковиќ, Немања Јовановиќ, Соња Вукашиновиќ и Радмила Матејевиќ (Србија); Магдалена Николова, Елена Панајотова, Атанас Гаџев, Еслица Попова и Димитар Јаранов (Бугарија).
Изложбата официјално ќе ја отворат Маријета Сидовски (Арт фактор, Скопје) и Васко Шутаров, директор на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија. Истата ќе биде поставена до 1 Октомври 2012 година.