Филмска секција во Абсинт хаус во Чаршија

Оваа сабота (30 март, 2013) во Абсинт Хаус во Старата чаршија ќе биде одржана проекција и дискусија за филмот “The Wicker Man” [1973] од Robin Hardy. Почеток во 21:00 часот, влез слободен. Организатор на настанот е „Филмска секција“.

„Филмската секција“ е независно филмско друштво на филмски ентузијасти кое го сочинуваат режисери, музичари, книжевници…. основано преку спонтана иницијатива во октомври 2012 година. Филмската секција има за цел да презентира филмови со поинаков дискурс, независни, арт, експериментални, underground филмови, надвор од сферата на комерцијалната филмска индустрија и тоа што се сервира како филмски продукт.

Преку прикажувањата на филмовите и дискусиите после нив, идејата е да се потикнат посетителите да размислуваат за темите што ги обработуваат овие филмови, да се разменат мислења и различни видувања, како и искуства од гледање на филмови на слична тема.

Во склоп на филмската секција веќе функционира и нејзиниот блог, на кој се објавуваат филмски рецензии за поновите филмски остварувања, а исто така во план е да се објавуваат и филмски есеи и критики.

Филмските секции ќе се оддржуваат два пати во месецот со третирање на различна тема од филмската уметност. Предвидено е да се оддржуваат во Абсинт Хаус во Старата Скопска Чаршија, како и по секоја од филмските проекции да се продолжи со соодветна музичка поддршка.

По прикажувањето на „The Wicker man“ вечерта продолжува со wicked/trippy/psychedelic dj sets byJane Altiparmakov and Martchin.

You May Also Like