Македонскиот гитарист и композитор Ѓорѓи Шарески наредниве денови ќе настапи во Берлин.
На 27 март, придружуван од Џијан Емин и неколкумина германски џез музичари ќе одржи концерт во култниот центар „КултурФабрик“.
Бендот БЕРЛИН 5 во кој покрај нашиот гитарист се Борил Бел на тапани, Кристијан Шанц – бас, Николаус Нојзе – труба и Џијан Емин – на клавијатури и на повеќе дувачки инструменти е наречан а ден потоа ќе го сними материјалот за албумот наменет за европскиот пазар.
„Станува збор за познат културен центар каде што има киносали во кои се прикажуваат уметнички филмови, театар, галерија и повеќе сцени за музика. Претходно имавме неколку настапи по клубовите на кои свиревме фри-џез, импровизирана музика, а ова ќе биде перформанс на сцената од театарот на кој ќе ги претставам моите композиции и прв официјален концерт на квинтетот во Берлин“, вели Шарески за Радио Слободна Европа.