Претставување на унгарската литература на Саемот на книга

Институтот Балаши од Унгарија и Лекторатот по унгарски јазик во партнерство со издавачката куќа Или-Или организираат претставување на унгарската литература на 26-от Меѓународен саем на книгата.

ungarija_saem_na_knigata

На саемот на промотивен штанд ќе бидат изложени преводите на дела од унгарски јазик настанати во изминатите десеттина години.

Во рамките на настанот ќе има промоции на две книги:

– 10.04.2014 г. (четврток) со почеток во 11 часот: „Филозофија на виното“ од Бела Хамваш, промотор проф. д-р Александар Прокопиев

– 11.04.2014 г. (петок) со почеток во 16 часот, „Едноминутни новели“ од Иштван Еркењ, промотор д-р Владимир Мартиновски

Основна цел на Институтот Балаши е негување и промовирање на унгарскиот јазик и култура надвор од границите на Унгарија и со учеството на Меѓународниот саем на книгата сака да ја доближи унгарската литература до македонската читателска публика.

You May Also Like