„Одисеја“ на Поповски и Стефановски премиерно на Бриони

Со премиерата на претстaвата „Одисеја“ на македонскиот режисер Александар Поповски, работена по текст на Горан Стефановски, специјално напишан за 10-годишнината на театарот „Улисис“, вечерва на Бриони стартува новата театарска сезона.

„Одисеја“ е копродукција меѓу театарот „Улисис“,  „Гавела“ од Загреб, „Српско народно позориште“ од Нови Сад, „Словенско народно гледалишче“ од Марибор, белградскиот „Ателје 212“, „Стериино позорје“ од Нови Сад и „Театарот на навигаторот Цветко“ од Скопје. По премиерата на Бриони, најавено е претставата да се игра во сите овие земји.

Во претставата играат: Озрен Грабариќ, Светозар Цветковиќ, Никола Ристановски, Борис Исаковиќ, Јасна Ѓуричиќ, Бранко Јордан, Наташа Матјашец-Рошкер, Анита Манчиќ, Дијана Видушин и Франјо Дијак.
Музиката е на македонската група Фолтин.

Основач на театарот „Улисис“ е познатиот Раде Шербеџија.

You May Also Like