Утре (петок, 7 декември, 2012) во клубот Сектор 909 ќе настапи познатиот шкотски диџеј и продуцент Funk D’ Void кој ќе го промовира своето ново микс издание Balance 22.
Lars Sandberg ака Funk D’ Void е ветеран во светот на електронската музика. Повеќе од 20 години продуцира, ремиксува и пушта музика низ целата планета. Шкотланѓанецот по потекло и акцент кој веќе долги години живее во сончевата Барселона е едно од најголемите откритија на Soma Records, талент кој за за оваа издавачка куќа има голем број на изданија и хитови. Меѓу нив е и Diabla, трака која е интерпланетарно ремек дело на електронската музика.
На 1ви Октомври излезе во продажба неговото Balance двојно микс цеде со реден број 22. За оваа серија досега свои миксови имат издадено Deetron, Timo Maas, Nick Warren, Joris Voorn, James Holden. Од тогаш тој е на светска турнеја каде го промовира ова издание низ огромен број на клубови меѓу кои се најде и Сектор 909, клуб кој Lars го издвои како еден од омилените за 2012та во интервју за DMC магазинот.
Како домашна подршка ќе настапи Александар Танчевски. Забавата започнува на полноќ